Неверојатниот зум на Huawei P50 Pro со камерата од 64MP

Објавено на 09.08.2021 во Новости



Неверојатниот зум на Huawei P50 Pro со камерата од 64MP

Huawei P50 & P50 Pro станаа официјални, а веднаш потоа беше објавено видео со зумирањето на камерата од 64MP. За жал, се уште нема соопштение дека P50 серијата ќе пристигне во Европа.  Во меѓувреме можеме само да ги анализираме спецификациите на новите модели од интернет.

Ова се првите предводници на Huawei што користат Qualcomm Snapdragon 888 (4G). Некои P50 Pro модели ќе бидат со Kirin 9000 процесор, што е лимитирано производство и затоа производителот е приморан да ги вгради и чиповите на Qualcomm.