TikTok е најпреземана апликација во светот, го надмина Facebook

Објавено на 10.08.2021 во Новости



TikTok е најпреземана апликација во светот, го надмина Facebook

Според глобалните анализи на Nikkei, TikTok официјално ги надмина Facebook, Instagram, WhatsApp, и сите други платформи за допишување, со тоа што стана најпреземана апликација за социјална мрежа во светот. Се до 2021 година, Facebook го држеше приматот на најпопуларна апликација, односно најпреземана, која со текот на годините претходно растеше константно. 

TikTok докажа дека е црниот коњ зад сцените, кој порасна за пребрзо време. Платформата прво почна како нов тренд со свој видео стил. Додека YouTube цело време воведуваше иновации во видеата, со кратки и долги видеа, со ТВ стриминг, TikTok видеата од 15 секунди станаа енормног популарни. 

Автор: Aleksandar Stankov