Xiaomi го претстави Mi Mix 4, топ модел со камера скриена под екранот

Објавено на 11.08.2021 во Новости



Xiaomi го претстави Mi Mix 4, топ модел со камера скриена под екранот

После три години, Xiaomi го претстави новиот модел од серијата Mi Mix што може да се пофали со одличен хардвер и камера за снимање на селфи слики, скриена под екранот. Очигледно новиот тренд е камера скриена под екранот. Големината на екранот изнесува 6,67 инчи, со 120Hz фреквенција на освежување.

Станува збор за FullHD OLED екран, додека резолуцијата на камерата изнесува 20MP. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 888 Plus чипсет, побрзата верзија на Snapdragon 888. Ќе биде достапен во верзија со 8GB и 12GB внатрешна меморија, додека внатрешната меморија ќе биде со 128, 256 и 512GB. Со подобрата конфигурација, ќе порасне и цената на самиот телефон, која на кинески пазар изнесува од 770 долари за најевтината верзија.

Резолуцијата на главната камера изнесува 108MP, сензорот на Samsung HMX, а покрај неа има камера од 13MP со ултраширок сензор, како и 8MP перископска телефото камера со 5х зум. Xiaomi Mi Mix 4 располага со батерија од 4500 mAh, со 120W кабел за брзо полнење или 50W безжично полнење. Кога ќе се полни преку кабел, батеријата на телефонот може да се наполни за помалку од 15 минути, додека на безжичниот полнач, батеријата од нула до максимум може да стигне за помалку од половина час, што е одлично.