MT917 – она што му недостасува на Droid RAZR

Објавено на 29.11.2011 во Новости



MT917 – она што му недостасува на Droid RAZR

Пред повеќе од една недела објавивме дека Motorola планира да претстави неколку нови смартфони со Android и камери од 13 мегапиксели, а еден од нив се викаше MT917.

Вчера Motorola официјално го најави MT917, со прекрасни перформанси, но за кинескиот пазар. Иако телефоните изгледаат исти (со Droid RAZR), има разлика.
 
Како прво во екранот. RAZR има 4,3 инчен дисплеј (со резолуција од 960 x 540 пиксели), MT917 има 4,5 инчен дисплеј на 1280 x 720 пиксели. Следна е камерата. Ако кај Droid доаѓа со 8, кај MT917 таа има 13 мегапиксели. Дизајнерски, MT917 е 8,5 мм тенок наспороти 7,1мм на RAZR. Другото сè е исто: Android 2.3, 1 GB RAM, итн.
 
Сепак, ентузијастите на Motorola ги интересира дали некогаш ќе го видиме смартфонов и кај нас во Македонија?! А, истовремено и дали ќе ја добие надградбата Ice Cream Sandwich или ќе поддржува NFC.
 
Во меѓувреме, погледнете го видеото за Motorola MT917, кое иако е на кинески, сметаме дека не ви треба превод за да видите за каков гаџет се работи.