VW следниот месец ќе го претстави електричниот модел ID.5 GTX

Објавено на 11.08.2021 во Новости



VW следниот месец ќе го претстави електричниот модел ID.5 GTX

За помалку од еден месец Volkswagen ќе го презентира електричното купе SUV ID.5 GTX. Германската компанија сака во иднина да доминира на овој пазар, која веќе ги претстави моделите ID.3 и ID.4. ID.6 моделот ќе биде наменет само за продажба во Кина.

VW официјално објави дека ја продолжува традицијата со успешните GTI, GTD и GTE модели, во светот на електричната мобилност со ID.5 GTX. За овој автомобил велат дека е елегантен како купе и моќен како SUV. Станува збор за првото SUV купе базирано на е-платформата MEB. Овој автомобил го краси спортскиот карактер, кој ќе биде вториот GTX модел на електричен Volkswagen после ID.4 GTX.

Автор: Aleksandar Stankov