Xiaomi го претстави CyberDog, може да прави салто како Spot

Објавено на 12.08.2021 во Новости



Xiaomi го претстави CyberDog, може да прави салто како Spot

Освен новиот модел на смартфон, Xiaomi го претстави и роботското куче наречено CyberDog, кое многу потсетува на роботот Spot на Boston Dynamics.

Xiaomi тврди дека се уште нема конкретна цел за CyberDog, кој во моментот е наменет за девелоперите, кои за него ќе развиваат различни апликации, кои што би требало да овозможат бројни опции што ќе бидат можни со него. 

Кибернетското куче го движи AI платформата на Nvidia - Jetson Xavier NX, опремена со 11 различни сензори: ултрасонични сензори, камери и GPS, благодарение на кои може да препознава предмети во близина и да се движи полу-самостојно.

CyberDog тешко може да се замисли како домашно милениче, но од Xiaomi тврдат дека овој робот може да ги следи своите сопственици, благодарение на технологијата за препознавање на лице и тоа што може да одговара на гласовни команди. 

Роботското куче може да направи дури и салто назад, а неговата максимална брзина изнесува 3,2m/s (што е побавно од 3,9m/s колку што може Spot). Неговата цена изнесува 1500 долари, наспроти цената од 75 илјади долари, колку што чини Spot.