Samsung Galaxy Z Flip 3 е поевтиниот брат, но сепак импресивен!

Објавено на 12.08.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip 3 е поевтиниот брат, но сепак импресивен!

Samsung Galaxy Z Flip 3 може да се пофали со поголем надворешен екран, што го олеснува прегледот на известувања и пораки без отварање на телефонот. Може да го прегледате вашиот распоред, временската прогноза и да проверите колку чекори направивте. Со помош на Cover Screen додатокот, може и да го менувате изгледот на надворешниот екран и да го усогласите со изгледот на вашиот Watch 4.

Новиот Flex Mode Panel овозможува полесно користење на апликациите кога телефонот е отворен на половина, затоа што автоматски ја префрла апликацијата кога телефонот е отворен на половина, затоа што автоматски ја префрла апликацијата на горниот дел на екранот, а контролите поврзани со управување на апликацијата на долниот дел од екранот.

Дизајнот на Z Flip 3 е пластичен со алуминиумска рамка и има IPX8 сертификат за водоотпорност и цврстина, може да издржи 1.5 метри до 30 минути. Foldable Dynamic AMOLED 2X дисплејот од 120Hz располага со HDR10+ технологија и максимална светлина до 1200 нити.

Големината на екранот изнесува 6.7 инчи и резолуција од 1080 x 2640 пиксели. Предниот Super AMOLED дисплеј изнесува 1.9 инчи. Софтверот е Android 11, со One UI 3.5 кориснички интерфејс. Под хауба има Qualcomm SM8350 Snapdragon 888 5G процесор, 8 јадрен процесор (1x2.84 GHz Kryo 680 & 3x2.42 GHz Kryo 680 & 4x1.80 GHz Kryo 680) и Adreno 660 графичка картичка.

Нема да имате слот за мемориска картичка, но меморијата од 128GB или 256GB секако ќе ви заврши работа. Работната меморија (RAM) изнесува 8GB.


     
Главната камера изнесува 12MP, f/1.8 + 12 MP, f/2.2. Максималната резолуција што ви е достапна за снимање е 4K@30/60fps, а понатаму ги имате и 1080p@60/240fps, 720p@960fps, а достапен ви е и HDR10+ режимот.

Селфи камерата изнесува 10MP, f/2.4, со можност за снимање од 4K@30fps. Сензорот за отпечатоци на прсти е лоциран странично, а имате и Samsung Pay опција за Visa и MasterCard.

Батеријата има капацитет од 3300mAh и технологија за брзо полнење од 25W. Брзината на безжичното полнење изнесува 11W. Имате опција и за реверзибилно безжично полнење од 4.5W. Доаѓа во неколку бои: црна, зелена, лаванда, крем, бела, розева и сива. Цената на Samsung Galaxy Z Flip 3 изнесува 1050 евра. 

Автор: Aleksandar Stankov