Сакате да видите како изгледаат измамничките пораки што ви стигаат на мејл?

Објавено на 13.08.2021 во Новости



Сакате да видите како изгледаат измамничките пораки што ви стигаат на мејл?

На електронската пошта ни стигаат секакви пораки, кои може да залутаат и во спам, а може и директно да бидат испратени во инбокс. Од пуста сиромаштија, често можеме сами да се излажеме и да поверуваме во она што го пишуваат праќачите.

За да не бидеме наивни, подобро е да ја прочитате пораката внимателно, од оваа жена, која наводно сака да ги вложи парите од нејзиниот починат маж. Сумата изнесува 25 милијарди долари, и наводно е наменета за хуманитарни проекти, па во овој случај таа сака да поддржи проект со клиника за лекување на животни. 

Без разлика на овој мејл, има многу други примери со пари од непознати луѓе, на кои доколку им ги дадете, може да ви ги заробат вашите смарт уреди и слично или да ви ја испразнат сметката од банка во најлош случај. Внимавајте, очите широко отворени. 

Автор: Aleksandar Stankov