„Добрите хакери“ ги вратија речиси сите $611 милиони на Poly Network!?

Објавено на 13.08.2021 во Новости



„Добрите хакери“ ги вратија речиси сите $611 милиони на Poly Network!?

Хакерот што го експлоатираше Poly Network со три блокчејни од 611 милиони долари, ги врати речиси сите украдени средства. Единствено не се вратени 33 милиони долари во USDT валути, кои биле замрзнати од Tether после експлоатацијата. Не смеат да бидат поместени се додека Tether не дозволи, но компанијата работи на случајот.

„Ќе го забрзаме процесот со проектот за враќање на средствата“, изјавил директорот на Tether, Паоло Ардоино.

Тој додава дека компанијата ќе ги изгори токените и ќе ги поврати со цел да ги предаде на Poly Network, со цел да не ги врати на хакерот кога ќе ги одмрзне токените. Средствата од сите останати криптовалути беа вратени за само два дена откако беа украдени.