Првиот BlackBerry 5G смартфон требаше да излезе досега

Објавено на 14.08.2021 во Новости



Првиот BlackBerry 5G смартфон требаше да излезе досега

OnwardMobility е американска компанија позната по тоа што нуди „мобилен безбеден простор“, која вети нов 5G BlackBerry Android смартфон со физичка тастатура во првата половина на 2021 во Северна Америка и Европа, но тоа очигледно не се случи.

Очигледно е дека OnwardMobility сака да се потруди да го воскресне брендот на BlackBerry со неговите физички тастатури и безбедност на високо ниво, но се уште нема официјална објава. Компанијата отворила листа на чекање, на која ако се пријавите ќе бидете еден од првите луѓе за преднарачка и да го добиете 5G BlackBerry уредот, овозможувајќи директен инпут за влијание врз алатките и функционалностите на уредите.

Се разбира, тука се опфаќа дизајнот и функционалноста на телефонот, но се уште нема дата кога сето тоа ќе се реализира.