Rimac Nevera ги сруши сите рекорди, сериски автомобил со најголемо забрзување во светот

Објавено на 15.08.2021 во Новости



Rimac Nevera ги сруши сите рекорди, сериски автомобил со најголемо забрзување во светот

Хиперавтомобилот Nevera на Rimac Automobili има најбрзо забрзување кај автомобилите кои што се веќе во производство. Рекордот е потврден на Famoso Raceway во МекФарланд, Калифорнија, каде за четвртина милји, биле потребни само 8,582 секунди, при брзина од 167,51 милји на час. 

Во превод, за само 8,582 секунди надминал 400 метри и тоа при брзина од 169,58 км/час. Nevera постигна нов рекорд за забрзување и го сруши сопствениот рекорд од 8,62 секунди, кој што беше поставен во јуни во Хрватска. Зад воланот беше самиот сопственик Мате Римац, а видеото погледнете го одозгора. 

Автор: Aleksandar Stankov