Биткоин не се лизна, тоа се викаат „осцилации“ и вредноста е променлива

Објавено на 16.08.2021 во Новости



Биткоин не се лизна, тоа се викаат „осцилации“ и вредноста е променлива

Кралот на криптовалутите се уште содржи вредност на највисоко и рекордно ниво, кое се уште никој не може да го достигне. Биткоин е криптовалута со највисока вредност, а после него е Етериум, и така натаму. 

И покрај тоа што сите веб страници пишуваат дека Биткоин се лизна, всушност секој графикон за време на викенд „крвари“, односно доживува црвена линија или пад на вредноста. Се разбира, тоа се должи на неколку фактори, меѓу кои и неактивноста на оние што тргуваат со криптовалути

Биткоин на долг рок, беше и остана највредната валута на крипто маркетот, и затоа нема потреба од паника и страв дека уште ќе паѓа. После долгиот рекорден пад на вредноста на Биткоин, почна да се дига нагоре и дава знаци дека ќе оди уште нагоре. Неговата рекордно висока вредност пред 3 месеци беше 64 илјади долари и се верува дека повторно ќе го достигне и ќе го надмине тој врв.