Џеф Безос ја тужи НАСА во Федералниот суд поради „незаконската одлука“ за лет на Месечината

Објавено на 16.08.2021 во Новости



Џеф Безос ја тужи НАСА во Федералниот суд поради „незаконската одлука“ за лет на Месечината

Blue Origin ја тужи американската влада поради одлуката на НАСА да го додели летањето до Месечината на SpaceX компанијата, во сопственост на Илон Маск. Проектот вреди 2,9 милијарди долари. Федералниот суд во моментот ја ревидира одлуката на НАСА, за која Безос тврди дека е „незаконска и несоодветна проценка на предлогот на НАСА“.

Владината канцеларија застана на страната на НАСА минатиот месец, поради нејзината одлука да избере само еден оператор за Месечината, отфрлајќи ја жалбата на Blue Origin. „Оваа тужба го оспорува незаконското и несоодветно оценување на предлозите на НАСА“, напишале адвокатите на Blue Origin, во судската пријава. Џеф Безос не застанува и затоа поднел жалба во Федералниот суд, од кого бара „да ги поправи недостатоците во процесот за слетување на НАСА“.