iPhone 13 наводно се лансира третата недела во септември

Објавено на 18.08.2021 во Новости



iPhone 13 наводно се лансира третата недела во септември

Apple iPhone 13 серијата ќе биде претставена во третата недела на септември, што е напредок, со оглед на тоа што iPhone 12 беше објавен во октомври лани поради пандемијата. Тоа значи дека 21 септември би требало да биде датата, во вторник, затоа што Apple секогаш ги презентира своите нови смартфони во вторник.

Се шпекулира дека Apple ќе произведе од 130 милиони до 150 милиони парчиња iPhone до втората половина на 2021, од кои 35% до 45% ќе бидат iPhone 13 произведени во третата четвртина на 2021 година. Дали iPhone 13 ќе биде со 1TB внатрешна меморија? Се претпоставува дека Pro моделите ќе се со 1TB меморија, што е два пати повеќе од максималната меморија кај актуелната серија.





Прочитајте повеќе: