Google Pixel 5a официјално објавен со цена и спецификации
Објавено на 18.08.2021 во Новости
Pixel 5a е конечно тука после неколку неделни шпекулации за неговите спецификации, кој е буџетски смартфон, со одлични перформанси и 5G технологија. Неговата цена од 449 долари е доказ дека цената е навистина буџетски телефон. Pixel 5a е со Snapdragon 765 процесор, 6GB RAM меморија и 128GB ROM меморија, Wi-Fi 6 стандард за поврзување со интернет. Располага со 6.34 инчен FHD+ OLED дисплеј од 60Hz и има дизајн без рамки.
Задната камера изнесува 12MP+12MP, додека селфи камерата е 8MP. Батеријата ќе биде со капацитет од 4,680mAh со 18W брзо полнење. Pixel 5a беше претставен официјално денес, а на почетокот ќе го има во САД и Јапонија, а после 26 август се очекува и глобална достапност.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.