Какви новитети ќе открие Apple на 3-те следни конференции до крајот на 2021

Објавено на 18.08.2021 во Новости



Какви новитети ќе открие Apple на 3-те следни конференции до крајот на 2021

Apple за еден месец ќе одржи конференција на која ќе ја претстави новата генерација на iPhone, а на истиот настан ќе се очекува и новиот Apple Watch 7. Тоа ќе биде само вовед во големата есен полна со настани и новитети. До крајот на годината се очекуваат и надградена верзија на AirPods слушалките, нова генерација на iPad mini и редизајниран MacBook Pro лаптоп. 

Со новата генерација на iPhone ќе биде подобрена камерата, ќе има нови функционалности и ќе има помал засек за камерата од предната страна. Како и секоја година, така и сега, iPhone 13 ќе биде со побрз процесор и подобрена графика. Со продажбата на iPhone 12 во Apple може да бидат исклучително задоволни, а не е тешко да се претпостави дека очекувањата и за овогодинешните модели се многу високи. 

Apple ќе ги претстави новите производи на 3 различни конференции. На првата, најверојатно кон средината на септември или некој ден порано, очекуваме нови модели на телефони, слушалки и часовници, во втората половина нов iPad и некои новитети околу сервисот, додека на последниот настан Apple ќе го претстави новиот лаптоп.





Прочитајте повеќе: