Tesla Motors под истрага: Автопилотот се залетува кон паркирани автомобили

Објавено на 18.08.2021 во Новости



Tesla Motors под истрага: Автопилотот се залетува кон паркирани автомобили

Од 2018 година се идентификувани 11 сообраќајни несреќи, во кои што беше вклучен автопилотот на Tesla или Trafic Aware Cruise Control, во кои тие автомобили се судриле со застанати или паркирани возила, кои што на себе имале различни светла како што се реклами или светла за предупредување. 

Американската агенција за безбедност на сообраќајот, National Highway Traffic Safety Administration, официјално отвори истрага за автопилотот на Tesla после неколку сообраќајни несреќи, во кои што тој беше вклучен. Во истрагата ќе се проучуваат Tesla Model Y, X, S и 3, произведени од 2014 до 2021 година. Како и да е, Tesla веќе неколку пати потсетува дека автопилотот не е систем апсолутно автономен и служи како помош за возачите, а не негова замена.