Mastercard најавува крај на магнетните картички до 2033

Објавено на 20.08.2021 во Новости



Mastercard најавува крај на магнетните картички до 2033

Mastercard објави дека ќе го стопира издавањето на картички со магнетна лента од 2024 година. Во меѓувреме се уште го тестира биометрискиот систем со наплата со лице или дланка. До 2033 година, ниту една од дебитните или кредитните картички на Mastercard нема да биде со магнетна лента, а банките во многу региони, особено во Европа, ќе бидат во можност да издаваат картички без ленти веќе од 2024 година. 

Mastercard тврди дека новите биометриски картички нудат поголема безбедност со технологијата за препознавање на отпечатоци од прсти. Магнетната лента на картичките датира од 60-те години на 20 век, од проектот на IBM за изработка на лични документи за персоналот на CIA