Samsung за октомври спрема смартфон „убиец на предводниците“

Објавено на 22.08.2021 во Новости



Samsung за октомври спрема смартфон „убиец на предводниците“

На неодамнешната конференција Samsung ги претстави новите модели на преклопни смартфони од серијата Fold и Flip, а љубителите на јужнокорејската компанија до крајот на годината со нетрпение го очекуваат претставувањето на уште еден модел - S21 FE. Големи се очекувањата од следниот модел, кого медиумите го нарекоа !убиец на предводниците“.

Официјално нема информации од Samsung, но како што прогнозираат експертите, ќе биде сличен на Galaxy S21 со тројна вертикална камера и селфи на средината на горниот дел на екранот. Од овој телефон можеме да очекуваме 6,41 инчен AMOLED екран со фреквенција од 120Hz, Snapdragon 888 процесор, 6/8GB RAM меморија и батерија со капацитет од 4500mAh. Samsung би можел да го претстави и новиот телефон со Exynos 2100 процесор.