Мејлови од Стив Џобс откриваат смартфон што никогаш не беше претставен

Објавено на 22.08.2021 во Новости



Мејлови од Стив Џобс откриваат смартфон што никогаш не беше претставен

Објавени се мејлови од кои се открива дека Стив Џобс во 2010 година размислувал за развој на телефонот iPhone Nano. Се уште немаме никакви детали, но од мејлот што го испратил Џобс, очигледно се работи за минијатурен iPhone, но плановите никогаш не биле реализирани.

iPhone 4 од тоа време имал 3,5 инчен екран, додека дел од конкурентите уште од тогаш имал поголеми екрани. Првиот модел на Samsung Galaxy S е претставен истата година, кога имал 4-инчен екран. На мејлот Џобс го напишал планот за iPhone Nano, како и насоки поврзани со неговата цена и трошоците, со цел Џони Ајв, тогашниот главен дизајнер во компанијата, да го изработи моделот со скица на компјутер. Имало и планови за iPhone базиран н iPod Touch, кој требало да го замени iPhone 3GS.