Кина планира да изгради вселенска соларна електрана до 2050

Објавено на 22.08.2021 во Новости



Кина планира да изгради вселенска соларна електрана до 2050

Кина сака до 2060 година да стане јаглеродно неутрална земја, а за да ја постигнат таа цел, мора да пронајдат начин за максимално да ги искористат обновливите извори на енергија. Еден од таквите извори ќе биде мрежата на соларните панели во геостационарната орбита околу Земјата на височина од 36.800 километри.

Мрежата на соларни панели, кои вкупно би требало да бидат подолги од километар ипол, ќе може постојано да ја собираат Сончевата енергија, затоа што во ниту еден момент нема да ја замаглуваат сенката на Земјата. Погонот е планиран за да биде пуштен до 2035 година, која ќе достигне максимален потенцијал до 2050 година.