Samsung Galaxy S21 FE протече во 3D рендери

Објавено на 23.08.2021 во Новости



Samsung Galaxy S21 FE протече во 3D рендери

Samsung Galaxy S21 FE би требало да пристигне оваа 2021 година, а додека го чекаме, ликстерот Иван Блес споделил неколку 3D рендери, што овозможуваат добар поглед кон буџетскиот предводник на Samsung. Телефонот очигледно го позајмил изгледот од Galaxy S21 моделот, со исклучок на островот за камерата, кој не е обоен со боја, како што беше тоа случајот со S21.

Спецификациите на камерата на Galaxy S21 беа 12MP + 64MP + 12MP, додека FE ќе биде со 32MP + 12MP + 8MP. Со 6.4-инчи големина на екранот ќе биде поголем од S21 и ќе биде со 120Hz. Селфи камерата од 12MP ќе биде сместена во дупка на дисплејот. Galaxy S20 FE имаше 32MP селфи камера.

S21 FE нема да има џек за слушалки, а рендерите го прикажуваат во бела, зелена, сива, виолетова и сина боја. Под хауба ќе има Qualcomm Snapdragon 888 процесор, 8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. Samsung ќе вгради батерија со капацитет од 4,370mAh. Датата на лансирање се уште е мистерија, но се очекува во октомври.

Линк со рендерот во бела боја, и линк со рендерот во сина боја.