Со вселенскиот интернет на Маск сурфаат веќе над 100 илјади луѓе

Објавено на 25.08.2021 во Новости



Со вселенскиот интернет на Маск сурфаат веќе над 100 илјади луѓе

SpaceX досега во вселената лансираше над 1700 сателити на Starlink, а во иднина таа цифра ќе надмине 30 илјади. Паралелно со порастот на бројот на сателити во ниската орбита, расте и бројот на корисници со вселенски, односно сателитски интернет. 

Илон Маск оваа недела се пофали на Twitter дека SpaceX испорачал над 100 илјади терминали за Starlink, што е зголемување од 10 илјади во последните три недели. 

Starlink не е замислен како замена за класичните broadband и мобилен интернет, туку за оние што моментално немаат достапно брз интернет на најоддалечените и руралните подрачја.