OnlyFans забранува експлицитна содржина, сите се префрлуваат на Fansly

Објавено на 25.08.2021 во Новости



OnlyFans забранува експлицитна содржина, сите се префрлуваат на Fansly

OnlyFans е веб страница за возрасни со над 130 милиони корисници, која од оваа есен најави забрана за содржина со експлицитен секс. Затоа корисниците почнале да бараат алтернатива, а таа алтернатива е Fansly. Корисниците масовно почнале да отвараат профили на оваа страница.

„Работиме на проверка на корисниците, бидејќи сега бележимe отворање на 4.000 нови профили по час. Проверките траат околу 1 ден, а кога е потребна комуникација со корисничка поддршка, тогаш трае подолго. Проширувањето на нашиот тим сега е приоритет број еден“, објави Fansly.

Fansly се смета за „бесплатна страница платена од креатор за креатор“, на која што корисниците може да комуницираат еден со друг, продавајќи им содржина, а има опција и за претплата за услуги на креатор. 

Автор: Aleksandar Stankov