Samsung страницата во Франција официјално го потврди S21 FE

Објавено на 26.08.2021 во Новости



Samsung страницата во Франција официјално го потврди S21 FE

Сега сме веќе сигурни дека S21 FE чека на листата за лансирање после неколку официјални протекувања. Samsung ги објави спецификациите на француската веб страница на "Fan Edition" моделот. Изгледа дека следниот модел пристигнува со 4-месечна бесплатна претплата со YouTube Premium. 

Иако лансирањето на Samsung S21 FE беше одложено, сега е сигурно дека доаѓа со Snapdragon 888 процесор, со три кластери на јадра од 2.8GHz, 2.4GHz, и 4 x 1.8 GHz. Графичката картичка ќе биде на Adreno 660 GPU од Qualcomm, FHD+ дисплеј , 128GB меморија или 256GB, батерија од 4,500mAh, Qi wireless полнење и 25W брзо полнење. Се предвидува дека S21 FE доаѓа во последното тримесечје од 2021.