Банирањето на Huawei го направи Xiaomi втор најпродаван бренд во светот

Објавено на 27.08.2021 во Новости



Банирањето на Huawei го направи Xiaomi втор најпродаван бренд во светот

Xiaomi во вториот квартал кеширал 13,56 милијарди долари, што е раст од 50% во споредба со минатата година. Нето приходот на компанијата е за 87% повисок од минатата година, за вториот квартал, што е големо надминување во споредба со минатата година.

Huawei се соочи со острите санкции од страна на американската администрација под водство на Доналд Трамп, па Xiaomi ја искористи ситуацијата и така реализираше голема продажба. Xiaomi има зголемено учество на глобалниот пазар на смартфони за 83% за една година година до јуни, според Canalys. Испорачани се вкупно 52,8 милиони парчиња на телефони, со што се втор најпродаван бренд на светот за прв пат во својата историја, зад Samsung и пред Apple.