Шок за корисниците на iPhone, измамник украл 100.000 фотографии од iCloud

Објавено на 31.08.2021 во iOs



Шок за корисниците на iPhone, измамник украл 100.000 фотографии од iCloud

Хао Куо Чи украл над 620 илјади приватни фотографии и видеа, со тоа што злоупотребил пропуст за пристап кон iCloud. Не користел никакви софистицирани хакерски методи, туку преку мејлот ги контактирал самите корисници на iCloud и се претставувал како сервис за корисници.

Тие не знаеле кој стои зад мејлот од корисничка поддршка, па затоа му ги праќале податоците што ги барал, кориснички имиња и лозинки за пристап кон нивниот iCloud. Тој се вклучувал кон профилите и ги преземал сите фотографии и видеа, при што се фокусирал на млади жени и нивните интимни слики.

На судот ја признал вината за пристап кон профилите на 306 жртви во САД и 200 жртви од други места. Тој се пофалил дека може да влезе во Apple iCloud и да ги украде сликите и видеата, поради што некои корисници го контактирале и му ги праќале сликите од личноста што ќе ја побарал. Обвинет е за четири казнени дела за неавторизиран пристап кон заштитени профили и за секое од тие дела му се заканува до 5 години затвор.