Samsung објаснува зошто кражбата на нивните телевизори е лоша идеја

Објавено на 28.08.2021 во Новости



Samsung објаснува зошто кражбата на нивните телевизори е лоша идеја

Магацинот на Samsung во Јужноафриканската Република бил пробиен, поради тоа што имале многу пожари минатиот месец со десетина починати. Масовни кражби се случиле, а Samsung бил жртва исто така, од каде што биле украдени голем број на телевизори, продадени за прениска цена.

Зошто е лоша идеја да се крадат телевизорите на Samsung? Неодамна е имплементирана опцијата TV Block, со која што Samsung може да ги блокира своите телевизори од далечина. Токму таа е судбината што ги пречекала сите украдени телевизори на Samsung. За тоа да го реализирате, ви треба само интернет конекција, по серискиот број го наоѓате телевизорот, Samsung го блокира и нема да може повеќе да се користи.