Netflix почнува и со видео игри, Stranger Things доаѓа на Android

Објавено на 04.09.2021 во Новости



Netflix почнува и со видео игри, Stranger Things доаѓа на Android

Netflix го направи првиот голем чекор кон ширењето на пазарот на видеот игри. На официјалниот профил на Twitter објавија дека имаат многу работа, но дефинитивно ќе очекуваме многу игри во иднина покрај нивните успешни серии и филмови. 

Првата видео игра е супер популарната игра Stranger Things. Серијата што освои милиони фанови ширум светот досега е емитувана во три сезони, а ќе продолжи да се снима и понатаму, која сега е достапна и како игра. За почеток ги има само двете игри Stranger Things 1984: 1984 и Stranger Things 3, кои може да ги преземат Android корисниците на своите смартфони, во кои немате никакви реклами, ниту варијанти за купување преку апликацијата.