Facebook во соработка со Ray-Ban ги претстави смарт очилата со камери

Објавено на 11.09.2021 во Новости



Facebook во соработка со Ray-Ban ги претстави смарт очилата со камери

Ray-Ban Stories се официјално претставени, произведени со соработка меѓу Facebook и Ray-Ban. За да го користите уредот на Facebook, доволно е само да имате отворен профил на мрежата.

Процесот на дизајн и производство се надгледувани од екипата на Ray-Ban, додека Facebook бил задолжен за технологијата и софтверот. Имате бела LED сијаличка, која ви испраќа знак кога добивате известувања. Имате и две камери сместени во горните агли на очилата. Нешто слично имаате и очилата на Snapchat, при што квалитетот на камерата изнесува 5MP, која ќе ви врши добра работа кога снимате нешто во акција, што, се разбира, не е на ниво на смартфон камерите. Се вклучуваат со физичко копче или посебна гласовна команда.

Внатрешната меморија е доволна за 500 фотографии и над 35 видеа што траат до 30 секунди. Ray-Ban Stories на почетокот ќе бидат достапни само во 6 земји, во кои Македонија не е вклучена, за цена од 299 долари.