Tesla Model S Plaid постави нов рекорд како сериски електромобил во Нирбургринг

Објавено на 12.09.2021 во Новости



Tesla Model S Plaid постави нов рекорд како сериски електромобил во Нирбургринг

Кога се утврди дека Nevera на Rimac Automobili е најбрзиот електричен автомобил на светот во трката на 400 метри, каде беше поразен и Tesla Model S Plaid, Илон Маск на Twitter се пофали дека Plaid поставил нов рекорд и повторно стана најбрзиот сериски произведен автомобил, чии тркала се придвижиле на легендарната тркачка стаза во Нирбургринг.

Маск го објави извештајот со време од круговите што ги поставил Tesla Model S Plaid и обзнани дека Tesla е најмоќниот модел на најбрзиот сериски произведен електричен автомобил, кој досега се појавил на легендарната тркачка стаза во Нирбургринг, Германија. Plaid достигнал време од 7:30.909 минути и со тоа го надмина претходниот рекорд на Porsche Taycan од 7:42.3 минути, поставен од август, 2019 година. Рекордното време е наводно остварено со фабричкиот модел Tesla Model S Plaid, без никакви промени на автомобилот. Погледнете го видеото на YouTube со Plaid.