Дизајнот на Apple Watch 7 ќе биде усогласен со најновите iPhone и iPad модели

Објавено на 13.09.2021 во Смарт часовници



Дизајнот на Apple Watch 7 ќе биде усогласен со најновите iPhone и iPad модели

Apple Watch 7 серијата ќе биде со нов дизајн, со рамен екран и рамни агли. Гигантот од Купертино наводно ќе лансира нови ременчиња и интерфејси за часовниците, кои доаѓаат во димензии од 41мм и 45мм и потенки рамки.

Часовниците ќе бидат со нов S7 процесор, при што Apple може да ги открие новите AirPods 3 за време на евентот. Слушалките наводно доаѓаат со AirPods Pro-инспириран дизајн и подобрено куќиште за полнење.

iPad mini 6 утре сигурно ќе пристигне, кој го има позајмено дизајнот од iPad Air. Ќе пристигне со поголем екран, потенки рамки и странично поставен Touch ID сензор. Наводно под хауба ќе биде со A14 Bionic процесор.