iPhone 13 ја отфрла меморијата од 64GB за 128GB

Објавено на 14.09.2021 во Новости



iPhone 13 ја отфрла меморијата од 64GB за 128GB

Во последен момент, пред да биде откриен iPhone 13, аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека Apple е конечно спремен да ја отфрли меморијата од 64GB за iPhone. iPhone 13 и iPhone 13 Mini се очекува да ја задржат истата цена како iPhone 12 и iPhone 12 Mini, со 128GB меморија, наместо со 64GB како порано.

Првиот 64GB iPhone беше претставен во 2011 - iPhone 4S, кој беше многу скап модел во тоа време, со најмногу меморија. Три години подоцна беше претставен првиот iPhone 6 со 128GB. Оттогаш Apple ја третира опцијата со 128GB за "Pro" или "premium". Десет години подоцна, претставувањето на iPhone 64GB, Apple продолжува понатаму и на корисниците им овозможува двојно поголема меморија за истата цена. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: