Новиот iPhone 13 е хардверски ѕвер за љубители на фотографии и видеа

Објавено на 15.09.2021 во Новости



Новиот iPhone 13 е хардверски ѕвер за љубители на фотографии и видеа

После следењето на настанот од Телефони.мк, можеме да кажеме дека Apple навистина се потрудиле да овозможат нешто поинакво. Официјално имаме четири нови модели на iPhone, кои што Тим Кук и екипата ги претставија синоќа.

iPhone 13 mini доаѓа со 5,4-инчен дисплеј, iPhone 13 и 13 Pro се со 6,1 инчен дисплеј и Pro Max е со 6,7 инчен дисплеј. На предната страна сега има повеќе простор, затоа што Apple го намали хардверскиот засек за предната камера и сензорите.

Сите модели се со подобрени екрани, Pro моделите се со Super Retina XDR со ProMotion технологија, која што овозможува променлива фреквенција на освежување од 10Hz до 120Hz. Основните модели iPhone 13 mini и iPhone 13 доаѓаат со 128GB меморија, додека Pro моделите сега ги има и во верзии со 1TB меморија.

Новата генерација доаѓа со помоќен хардвер, подобра графика и надградени можности на камерата. Apple се пофали дека нивниот процесор A15 Bionic е побрз за 50% во споредба со конкуренцијата, додека графиката е со 30% подобра кај обичните модели и 50% подобра кај iPhone 13 Pro и Pro Max.

Apple посветил големо внимание на камерите. iPhone 13/13 mini има двојна задна камера, додека Pro моделите се тројна задна камера, дополнително со телефото сензор. Ултрашироката камера на моделот Pro, освен тоа што има автофокус, овозможува и снимање на макро фотографии на оддалеченост од само 2см.

Најголемата новост се однесува на снимање на видеа, а благодарение на кинематографскиот режим, видеата сега може да се снимаат и со замаглена позадина. Она што е особено интересно е што фокусот со снимени видеа може дополнително да се одредат, што е опција каква што не сме виделе кај смартфоните. Изгледа дека е резервирана само за моделите од серијата Pro.

Apple се пофали со батеријата што кај сите модели е со поголем капацитет, која со помош на оптимизацијата овозможува час и половина до два и пол часа подолга трајност во споредба со претходната генерација.

Телефоните во САД може да се преднарачаат уште од овој петок, а нивната продажба почнува од 24 септември. Цената изнесува 699 долари за iPhone 13 mini, 799 за iPhone 13, 999 за iPhone 13 Pro и 1099 за iPhone 13 Pro Max, додека моделите со 128GB моделите ќе бидат поскапи.





Прочитајте повеќе: