Нов успех на SpaceX, лансиран е првиот цивилен екипаж во вселената

Објавено на 16.09.2021 во Новости



Нов успех на SpaceX, лансиран е првиот цивилен екипаж во вселената

Ракетата Falcon 9 е лансирана од вселенската станица Resilience со четири членови во екипажот кон Земјината орбита. Екипажот на SpaceX ќе помине во орбитата во наредните три дена, што е на висина од 575 километри, а тоа е воедно и најдалеку што еден човек заминал во орбитата од мисијата на поправки на Hubble телескопот.

Летот на SpaceX од вселенскиот центар Kennedy на ртот Canaver, изнајмен е од американскиот милијардер Џеред Ајзакмен, 38-годишниот основач и главен директор на компанијата за финансиски услуги Shift4 Payment, воедно и искусен пилот.