Xiaomi 11T Pro е со неверојатен турбо полнач од 120W

Објавено на 16.09.2021 во Новости



Xiaomi 11T Pro е со неверојатен турбо полнач од 120W

Xiaomi претстави три нови смартфони од 11-серија: Xiaomi 11T, Xiaomi 11T Pro и Xiaomi 11 Lite 5G NE. Главниот акцент бил на фотографијата и видеографијата, т.е. новите "Cinemagic" спецификации, за кои од Xiaomi тврдат дека може да им парираат на професионалните камери од филмската индустрија.

Xiaomi 11T Pro е со технологија за полнење од 120W, Xiaomi HyperCharge, што така овозможува полнење на батеријата за 17 минути. Новата технологија е со двојно полнење, при што батеријата има двојна структура, со примена на графен во Li-ion батеријата. Има тројна задна камера со професионална широкоаголна леќа со резолуција од 108MP, 2x телемакро леќа и ултраширока леќа од 120° со 16MP селфи камера под екранот. Телефонот е со one-click AI Cinema режим, 8K снимање и HDR10+, што би требало да им овозможи на корисниците снимање со истата ISO технологија, каква што се наоѓа и во дигиталните фотоапарати.

Опремен е со рамен AMOLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, FHD+ 120Hz, TrueColor технологија, Dolby Vision и HDR10+. Прикажува над 1 милијарда бои, има 1000 нити светлина и брзина на рефреширање до 480Hz, со заштита Corning Gorilla Glass Victus. Благодарение на процесорот Qualcomm Snapdragon 888, сите операции со телефонот се одвиваат беспрекорно.