Англија ќе инсталира полначи за електрични автомобили во сите објекти

Објавено на 17.09.2021 во Новости



Англија ќе инсталира полначи за електрични автомобили во сите објекти

Бавната транзиција од автомобили на горива кон електрични автомобили е недостатокот на инфраструктура. Во Англија наскоро стапува во сила новиот закон според кој што од следната година, сите нови куќи и канцеларии, ќе мора да имаат смарт уреди за полнење на електрични автомобили. За канцелариските згради таквите полначи мора да бидат поставени на минимум едно од пет паркинг места.

Извршниот директор на зелената компанија Good Energy Nigel Pocklington смета дека овозможувањето на флексибилно полнење на батериите во куќите и на работа во текот на денот е од голема важност за декарбонизација на транспортот и целиот енергетски систем во Велика Британија. Со новиот закон Англија ќе стане првата земја на светот што ќе бара сите нови домови да бидат со инсталирани полначи за електрични возила.