Apple се очекува да собори продажни рекорди со iPhone 13

Објавено на 19.09.2021 во Новости



Apple се очекува да собори продажни рекорди со iPhone 13

Apple ги претстави новите модели на смартфони, за кои корисниците сметаат дека се прескапи. Токму поради тоа и новата генерација на Apple смартфони, ги има речиси сите новитети исклучиво под хауба. 

Меѓутоа, iPhone 13 серијата се очекува да собори рекорди со продажбата, со оглед на тоа што има нов процесор, камера и подобра батерија. Аналитичарот Ведбуш Ден Ајвс смета дека моментално на светот има околу 250 милиони корисници на iPhone, чии телефони се постари од 3 години и сите се потенцијални купувачи на новите модели, а на нив треба да ги додадеме и бројните корисници што ги потпишуваат договорите со оператори на период од две години и наскоро им истекуваат договорите, кои исто така би можеле да ги купат новите модели на iPhone.





Прочитајте повеќе: