Се прогнозира дека Huawei ќе ја открие Mate 50 серијата следниот месец

Објавено на 20.09.2021 во Новости



Се прогнозира дека Huawei ќе ја открие Mate 50 серијата следниот месец

Покрај сите опструкции од САД, се појави информација дека Huawei би можел да ја откаже Mate 50 серијата. Huawei Mate е премиум линија на компанијата, која задоцни со претставуваето, исто како што задоцнија P50 и P50 Pro. Се уште има надеж дека Mate 50 серијата би можела да се појави на виделина.

Huawei ќе одржи евент на 21 октомври и ќе промовира одредени новости. Некои велат дека на тој настан ќе ја промовира и глобалната верзија на P50 серијата или Huawei nova 9. Се верува и дека Huawei ќе ја презентира Mate 50 линијата. Доколку се презентира Mate 50 серијата, возможно е официјално да излезе уредот во продажба дури во следната година. 

Mate 50 и Mate 50 Pro се очекува да пристигнат со Beidou сателитски систем, кој им овозможува на корисниците да испраќаат и примаат SMS пораки преку сателит, дури и кога нема сигнал на телефонот. Камерата се очекува да изгледа слично како кај P50 серијата.