Surface Pro 8: Протече нова слика и спецификациите

Објавено на 20.09.2021 во Новости



Surface Pro 8: Протече нова слика и спецификациите

Microsoft го претстави Surface Pro 7+ во минатиот јануари, обновена верзија на својот 2-во-1 таблет. Штом тогаш не го именуваа таблетот со името Surface Pro 8, значи дека сега така ќе се вика. Со евентот што доаѓа на Microsoft Surface за оваа среда, 22 септември, се очекува презентацијата на Surface Pro 8, заедно со Surface Duo 2.

Според типстерот @Shadow_Leak на Twitter, Surface Pro 8 ќе биде со 13-инчен дисплеј со 120Hz, што значи дека екранот ќе се надгради 120 пати во секунда, со цел да овозможи лесно скролање и добро искуство, со подобрени анимации и повеќе. Surface Pro 8 линијата наводно ќе биде опремена со 11-та генерација на Core процесор на Intel, со прединсталиран Windows 11, два Thunderbolt порта и SSD мемории што може да се менуваат.