Samsung Galaxy Tab A8 излегува сега во октомври со 10.4-инчен TFT LCD екран

Објавено на 21.09.2021 во Новости



Samsung Galaxy Tab A8 излегува сега во октомври со 10.4-инчен TFT LCD екран

Samsung Galaxy Tab A8 се појави онлајн ненамерно, па следниот ден веќе почнаа да протекуваат неговите спецификации. Galaxy Tab A8 би требало да биде со Qualcomm Snapdragon чипсет, 3GB RAM меморија, или поскапа верзија со 4GB RAM и 128GB внатрешна меморија. 

Основниот модел ќе биде со 64GB меморија, што не би требало да биде проблем, со оглед на тоа што Samsung планира да воведе и слот за microSD картичка за двете верзии на Galaxy Tab A8. Следниот Android таблет на Samsung ќе биде со 10.4-инчен TFT LCD екран и Full-HD+ резолуција, четири звучници на Dolby Atmos, една задна камера, тенки рамки и две опции со конекција за Wi-Fi и LTE.

Се уште немаме очекувана цена за SAMSUNG Galaxy Tab A8, кој се очекува да излезе официјално во октомври, заедно со Galaxy S21 FE, кој ќе дебитира на 20 октомври, а во продажба излегува на 29 октомври.