Голем пад на вредноста на криптовалути: Зошто паднаа bitcoin и ether?

Објавено на 22.09.2021 во Новости



Голем пад на вредноста на криптовалути: Зошто паднаа bitcoin и ether?

Вложувањето во криптовалути е високо ризична работа, која за кратко време може и двојно да се зголеми. Пазарот е волатилен и често се чини како да нема правила што влијаат врз падот и растот на валутите, но желбата за брза заработка е огромна. 

Сведоци сме последниве 3 дена дека криптомаркетот се зацрвени сериозно, при што губитокот кај некои валути е 50%. Аналитичарите претпоставуваат дека вината е во Кина, односно проблемите со гигантот за недвижнини Evergrande. Приходите од минатата година на Evergrande надминаа 100 милијарди долари. Со оглед на тоа што државата не планира да ја спасува оваа компанија, ова би можеле да го споредиме со падот на Lehman Brothers со кои што почна големата финансиска криза во 2008 година. Да се надеваме дека нема да дојде до вакво сценарио, но ќе биде интересно да се следи како ќе се движи пазарот на криптовалути и понатаму. Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле е убеден дека овој пад на вредноста е голема шанса за сите инвеститори, па така неговата држава купила 150 нови bitcoin-и.