Facebook претстави нови уреди за видео разговори

Објавено на 22.09.2021 во Новости



Facebook претстави нови уреди за видео разговори

Facebook ја претстави новата генерација на смарт уреди за видео повици, Portal. Првите модели се претставени пред три години, но досега немаат објавено продажни резултати. Овој пат изгледа дека има голема побарувачка за овие уреди. Facebook со смарт екраните влезе на пазарот каде што владеат Amazon и Google со своите уреди Echo и Nest Hub, а со истите опции за видео повици нудат и смартфони и таблети.

Новата генерација на Portal има два уреда. Првиот е интересен, затоа што станува збор за пренослив уред, а моделот Portal Go има екран со дијагонала од 10 инчи и може да се подигне со подлога за полнење и да се носи во својот дом или во канцеларија (уредот е достапен со посебна рачка за носење). Во таквиот преносен режим, батеријата може да издржи до пет часа видео разговори преку Messenger, што е повеќе од доволно за повеќето корисници, додека содржината на него, со исклучен екран, може да се слуша до 14 часа. 

За оние што 10-инчениот екран е премал, Facebook го спремаше и Portal+, моделот со смарт екран има дијагонала од дури 14 инчи. Замислен е како уред што ќе стои на работната маса на корисникот, како примарен екран за видео повици. Во споредба со својот претходник, новиот модел може да се пофали со подобар квалитет на звук. Актуелниот модел на Portal се продава за 179 долари, додека Portal Go чини 199 долари, а цената на Portal+ е 349 долари.

Автор: Aleksandar Stankov