Кои модели на iPhone ќе ги претстави Apple во 2022!?

Објавено на 22.09.2021 во Новости



Кои модели на iPhone ќе ги претстави Apple во 2022!?

Само што Apple ги претстави новите четири модели на iPhone 13, а на мрежата веќе од вчера се појавија гласини за моделите што ги очекуваме следната година. Според она што го кажува одличниот познавач на плановите на Apple, Минг Чи-Куо.

За 2022 година, компанијата спрема многу повеќе новитети во споредба на претходните модели што ги видовме годинава. Она што за многумина би било најважно е дека злогласниот засек (notch) ќе замине во историјата, барем за моделите од серијата Pro. Наместо него, Apple ќе тргне по стапките на повеќето други мобилни производители и хардверската канцеларија во која што се наоѓаат камерата за селфи и сензорите да се заменат со дупка во екранот. Двата модела од Pro серијата iPhone 14 Pro и Pro Max ќе бидат со широкоаголна камера со резолуција од 48MP.

Се очекува Apple да се откаже од iPhone Mini серијата во следната година, со оглед на тоа што интересот за iPhone 13 Mini е најмал. Apple следната година би можел да ги претстави iPhone 14, iPhone 14 Max и iPhone 14 Max Pro. iPhone 14 Max ќе биде со 6,7 инчен дисплеј. Ќе има нов iPhone SE со поддршка за 5G, со цел да може да си ги дозволат корисниците со помал џеб во првата половина на 2022 година. iPhone со екран на превиткување се очекува да пристигне во 2023 или во 2024 година.