Microsoft претстави нови компјутери и смартфони со два дисплеја

Објавено на 23.09.2021 во Новости



Microsoft претстави нови компјутери и смартфони со два дисплеја

Microsoft ја освежи својата серија на лаптопи од серијата Surface со четири нови модели и смартфон со два дисплеја со Android софтвер. На американскиот пазар излегуваат на 5 октомври, истиот ден кога ќе стане достапен новиот оперативен систем Windows 11.

Surface Laptop Studio доаѓа со интересен механизам за поместување на екранот, кој што може да се постави на тастатурата, па така уредот го претвара во таблет. Екранот има големина од 14,4 инчи и резолуција од 2400x1600 пиксели, а фреквенција на освежување до 120Hz. Под хауба го има со Intel Core i5 и i7 процесор, а го има во верзија со 16GB и со 32GB меморија. Станува збор за најмоќниот Surface досега, а неговата цена изнесува 1600 долари. Дополнителен стилус може да добиете за 130 долари.

Microsoft ги надгради своите 2-во-1 уреди. Во споредба со претходникот, моделот Surface Pro 8 сега има екран со фреквенција на освежување од 120Hz (станува збор за 13-инчен екран на допир) и Dolby Vision поддршка. И овој уред доаѓа со 11-та генерација на i5 и i7 процесор), 8 до 32GB меморија од 128GB до 1TB SSD. Microsoft тврди дека со просечно користење батеријата може да издржи до 16 часа работа.

Претставена е нова верзија на Surface Pro X со ARM им поддршка за WiFi. Цената на овој уред изнесува 900 долари, додека почетната цена на моделот Pro 8 е за 200 долари повеќе. Surface Go 3 е најмалиот таблет/компјутер, кој вчера беше прикажан на Microsoft конференцијата, кој изгледа речиси идентично како својот претходник. Екранот е 10,5-инчи со резолуција од 1920x1080 пиксели, ист како кај моделот Go 2, само што доаѓа со подобар процесор Intel Pentium Gold 6500Y или Core i3-10100Y, кој го прави за 60% побрз во споредба со претходната генерација. Со него може да се поврзе и тастатура, која дополнително се доплаќа, додека цената на овој уред изнесува од 399 долари до 629 долари.





Прочитајте повеќе: