Втората генерација на Surface Duo подобрена во секој поглед

Објавено на 23.09.2021 во Новости



Втората генерација на Surface Duo подобрена во секој поглед

Претходниот модел Surface Duo ги покажа на дело своите недостатоци, па затоа сега Duo 2 е подобрен и повеќето од тие недостатоци, Microsoft ги поправи. Surface Duo 2 овој пат доаѓа со најмоќниот мобилен хардвер и го покренува Snapdragon 888, а овој пат ќе дојдат на своето и љубителите на фотографија, затоа што овој смартфон има 3 камери од задната страна на уредот.

Главна карактеристика на телефонот се два екрана, при што нивната дијагонала изнесува 5,8 инчи со фреквенција од 90Hz, а кога телефонот е отворен, површината на екранот изнесува 8,3 инчи. Се разбира, ова не е преклопен телефон и екраните се одвоени, така што нема само една површина на екранот како кај Galaxy Fold. Цената на Surface Duo 2 изнесува 1500 долари.