Apple дава бонус од $1000 на вработените за шопинг сезоната

Објавено на 24.09.2021 во Новости



Apple дава бонус од $1000 на вработените за шопинг сезоната

Apple Store вработените добиваат бонус од $1000 годинава, а ќе биде исплатен есенва. Оние што почнале да работат во компанијата пред март 2020 година, добиваат бонус од $1000. Поновите вработени добиваат $500, што е сепак добра сума напри. 

Информацијата излезе од Bloomberg и 9to5Mac: „Бонусите ќе бидат невообичаена појава, со оглед на тоа што Apple ретко дава дополнителни бонуси во компанијата. Последната голема исплата беа акции во вредност од $2,500 во 2018 година“. Бонус нема да добијат само вработените во Apple Store, туку и оние од AppleCare и онлајн продажба, што значи дека компанијата навистина се труди да ги задржи вработените среќни.





Прочитајте повеќе: