Airbus го претстави CityAirbus летачкото такси, ќе почне во 2023

Објавено на 25.09.2021 во Новости



Airbus го претстави CityAirbus летачкото такси, ќе почне во 2023

Такси превозот во иднина драстично ќе се смени во споредба со сегашниот што го имаме. Airbus ја претстави новата генерација на летачко такси, кое го развива уште од 2016 година, а сега го подобри и ја претстави новата генерација чиј прв лет е закажан за 2023 година. После првиот лет на прототипот CityAirbus ќе помине уште некое време.

Airbus верува дека комерцијално ќе почне летачкото такси да функционира во 2025 година. Леталото е наменето за урбан превоз на мала оддалеченост, а со оглед на тоа што ќе може да слетува и полетува вертикално (VTOL), за ова летечко такси, нема да има потреба од посебна писта. Содржи осум мотори, секој со 100kW моќност, односно 130KS, со кои што CityAirbus ќе може да лета со брзина до 120 km/h. Со леталото нема да има пилот, туку ќе се ракува од далечина.