Apple влегува на VR и AR пазарот со нови очила во 2022

Објавено на 25.09.2021 во Новости



Apple влегува на VR и AR пазарот со нови очила во 2022

Љубителите на Apple следната година ќе бидат изненадени со нов производ, со кој што компанијата ќе влезе на пазарот за виртуелна и проширена реалност. За VR и AR очилата се зборува веќе долго време и се чини дека сме се поблизу до денот кога Кук и екипата ќе го претстават првиот уред од оваа категорија.

Последните гласини што се шират низ мрежата, кои се во склад на некои порани информации на доверливи аналитичари како што е Минг Чи-Куо, велат дека тоа ќе биде во втората половина на 2022 година. Тоа може да биде уште една работа на крајот на конференцијата, на која во септември ќе биде претставен iPhone 14. Apple веќе завршил со втората фаза на тестирање на новиот уред, кој започнува во вториот квартал на 2022. Официјалното претставување и пуштање во продажба ќе биде во втората половина на 2022. 





Прочитајте повеќе: