Кинеската централна банка ја урна вредноста на Биткоин

Објавено на 26.09.2021 во Новости



Кинеската централна банка ја урна вредноста на Биткоин

Кинеската централна банка објави неделава дека сите трансакции со криптовалути во оваа земја се илегални и строго забранети. Потенцирала дека биткоин, етер и другите популарни криптовалути може да го пореметат кинескиот финансиски систем и дека се користат за перење пари и други крминални дејствија.

За да не ја загрози крипто контролата што партијата ја има над финансискиот систем, донеле одлука чии последици веднаш се видливи на берзите за криптовалути. Биткоин, етер и другите криптовалути повторно го допреа „дното на океанот“ со драстичен пад на вредноста. Со оглед на тоа што Кина е еден од најголемите пазари на криптовалути, јасно е дека секоја одлука од Пекинг влијае врз целиот пазар. Во кинеските банки е веќе забрането да се спроведуваат трансакции во криптовалути, а строго забрането е рударењето на криптовалути исто така.

Автор: Aleksandar Stankov